
|
Варм Комикс www.varmcomics.com |

|
Македонски стрип изданија
|
|
Рецензија |

|
Алан Форд е испратен на тајна задача во антикварницата на стариот Мининг каде треба да ја открие врската и мотивот за неговото лечење во клиниката “Влегуваш здрав, излегуваш скршен“, и сомнителниот начин на прелевање на сретствата на богатите пациенти на сметка на сопственикот Алсар. Почетните сцени го опишуваат незадоволството на Алан со најновата задача кај харизматичниот и алчен старец кој е сопственик на продавницата, и сплетките со еден од вработените (Гарет) кој доцни на работа поради добивка на премија од лото. Гарет станал милионер, но во знак на незадоволство од третманот на неговиот бивш работодавец, го крши инвентарот и вазните во продавницата кои, иако асоцираат на познато минато преку презимето на сопственикот, всушност се обична керамика со пренабени цени кои во реалноста малку вредат.
Во седиштето на Групата Тнт, Дебелиот Шеф негодува поради задоцнетите извештаи на соработниците, а особено поради болките од скршената нога која му е превиена во завој. Конечно, ги испраќа своите агенти во клиниката каде Алан Форд треба да глуми богат пациент додека Грофот Оливер му го штити грбот глумејќи реставратор на уметнички слики кои никогаш нема да ги врати во клиниката. Набрзо, Алан Форд ги открива бруталните методи на професорот Алсар кој со помош на електрошокови и насилничките истапи на чуварите ги принудува пациентите во фаза на безсознание да го пренесат имотот на трето лице. Набрзо, Алан Форд е откриен и затворен во подрумот каде за казна е принуден да слуша една мелодија во време траење од 16 000 пати, или се додека не умре од слушање. Во меѓувреме, Шефот добива информации за здружението Дај, Дај, Дај каде го испраќа агентот Боб Рок кој открива дека поранешната сопруга на Алсар ги прибира парите од пациентите и ги прикажува како донации, а потоа ги делат со нејзиниот поранешен сопруг.
Во меѓувреме, Грофот Оливер го ослободува Алан Форд, а овој по една мала брканица и со помош на безимениот и вечен самоубиец од серијалот, успева да го фати Алсар. За тоа време, Грофот Оливер ја “чисти“ клиниката од “непотребните“ работи кои нема да му бидат потребни на докторот во затворот. Но, на крајот од приказната, Алан оди на договорен состанок со девојката со која работеше во продавницата на Мининиг верувајќи дека средбата може да изроди љубовна романса. Изненадувачки, девојката вперува пиштол во агентот и му открива дека е ќерка на професорот Алсар и дека во продавницата работела како шпиун со задача да го наведе Мининг на лечење во клиниката на нејзиниот татко. Во последен момент, Грофот Оливер со удар на бејзбол топче по главата на девојката, го спасува Алан и ја користи приликата за “разгледување“ на амбиентот, односно инвентарот во куќата.
Приказната ја следат низа на смешни и незаборавни сплетки и реплики кои се дело на авторот Макс Бункер, како и одличниот цртеж на Магнус. Стрипот е испечатен во тврд повез во издание на Варм Комикс во Април 2009 година. |
|
Стрипови Мк | Бонели Едиторе | Макс Бункер Пресс | Саф Комикс | Контакт |