Варм Комикс

www.varmcomics.com

     Почетна  |     Излог   |    Форум   |   За нас                         

    Стрипови Мк | Бонели Едиторе | Макс Бункер Пресс | Саф  Комикс |  Контакт

Македонски  стрип  изданија

 

   Дилан  Дог  Гигант 2

 

   Дилан  Дог  Гигант 2

        

Вториот гигант со Дилан Дог содржи четири приказни и сите се потпишани од креаторот на овој серијал - Тицијано Склави. Насловот на приказните е според следниов редослед: “Потстанарот“, “Такси“, “Мачнина“ и “Маргарита“. Сите стрип приказни имаат различен број на страници. Автор на предната страна е Анџело Стано. Автори на илустрациите во овој гигант се: Карло Амброзини, Бруно Бриндиси и Џиампиетро Казертано. Со двајца од овие автори (Бриндизи и Казертано) направивме специјални интервјуа во соработка со италијанскиот портал Диландогофили од Рим. Изданието има 216 страници, а премиерно е печатено во Италија во 1994 година во истоимената едиција Гигант. Нашето издание го преведе Христијан Велјаноски, а графичката обработка ја изведе М-р Владо Ѓорѓиоски. Текстот го адаптираше Александар Јованоски, а лектурата и коректурата е на Ирена Кочоска. Стрипот е печатен во печатницата Гинис од Прилеп, а дистрибуцијата на изданието е на Вита Пресс од Скопје. Дилан Дог гигант два е во сопственост на издавачот Серџо Бонели Едиторе од Милано, а лиценцата за истото издание е во посед на Панини Комикс од Модена. Сите авторски  права за Р.Македонија ги поседува Варм Комикс Дооел од Прилеп.

Што се однесува до самата содржина, вториот број има импресивна динамика, одлични оценки и е вистинско колекционерско издание кое може да се препрочита и неколкупати со големо задоволство. Тука нема збор дека се работи за очигледен континуитет на квалитетот на приказните во целина кои започнаа од првиот гигант и кои се задржуваат на иста линија, хронолошки низ целиот серијал кој го краси оваа популарна едиција. Самиот обем и скапиот печат, исто како и споменатиот италијански тим на автори е доволна препорака за колекционерите во нашата земја кои од поодамна побараа да се фокусираме на овој тип изданија со долг век на трање во сите форми на она што се вика квалитетен стрип. Веќе ги споменав нашите пријатели и колекционери на Дилан Дог од Рим со кои соработуваме подолго време и со кои падна договор за разговор и интервјуа со што повеќе инволвирани чинители во едицијата гигант со Дилан Дог. За жал, поради презафатеност, Карло Амброзини љубезно не замоли да го одложиме интервјуто за некоја наредна прилика. Текстовите со авторите се преведени на Македонски и на Италијански и се поставени на споменатиот сајт на Диландогофилите, а преку линкови, истите интервјуа се пренесени и на повеќе други сајтови во Италија. Се надеваме, во некоја блиска иднина и дека би го започнале серијалот со Дилан Дог  кој ги опфаќа првите броеви, исто како со книгите со Загор на кој инсистираат повеќе наши читатели со кои се среќаваме или ни пишуваат на електросна пошта. Во овој момент, тоа тешко ќе се изведе, а најверојатно тоа нема да се случи ниту во наредната 2012 година поради слабата куповна моќ што влијае и на слабиот стрип интерес предизвикан од економската криза. Но, доколку се покаже поволна прилика, ние изразуваме голема желба и за тој проект на наше и на задоволство на фановите на Дилан Дог во Македонија.