Варм Комикс

www.varmcomics.com

     Почетна  |     Излог   |    Форум   |   За нас                         

    Стрипови Мк | Бонели Едиторе | Макс Бункер Пресс | Саф  Комикс |  Контакт

Македонски  стрип  изданија

 

 Марти   Мистерија  Гигант  2

 

Марти Мистерија  Гигант 2

        

“Ксанаду“, вториот гигант со Марти Мистерија е вистинска потврда за квалитет на еден стрип серијал кој опстојува скоро 30 години на нашите простори и со голем успех како најпродавано издание, со најголем интерес за него кај читателите во Македонија, вклучително и со првиот гигант “Тајната на Свети Никола“, во издание на Варм Комикс од Прилеп. Овој гигант има посебна специфика и важност кај обожавателите на ликот поради решителноста на авторот да одгатне неколку тајни поврзани со минатото на главниот протагонист и неговиот сопарник низ авантурите на овој популарен стрип серијал. Ова е вистинска можност за откривање на почетокот на едно големо непријателство на двајца поранешни другари и колеги - напредни во своите професии за археологијата, историјата и генетиката, или во областите каде што обајцата професори (Мартин и Орлоф) се на самиот врв по нивните откритија и научни трудови (резултати). Ако се земе во предвид дека приказната ни  открива за моќта на необичните ласерски орудија кои функционираат исклучително во рацете на двајцата споменати протагонисти, нивниот духовен водач од храмовите сместени во височините на Хималаите, кожната маска и историјата на повредата на окото на Орлоф, приказната за потомците на Атлантида и клиничката смрт на Мартин Мистерија, тогаш сами заклучете што може да ви понуди овој гигант со неговите 256 страници. Се разбира, автор на текстот е креаторот на серијалот - Алфредо Кастели, а за одличните илустрации е заслужен врвниот цртач - Паоло Моралес, во истата  приказната каде неговата сопруга е стручен консултант за медицинските термини и за некои заплети во текстот каде што имало потреба од нејзината стручна помош. Оваа прекрасна насловна (и задна корица) која всушност е  илустрација во целина, е дело на Џианкарло Алесандрини, кого добро го познаваме од насловната и  цртежите во првиот гигант “Тајната на Свети Никола“. Стрипот го преведе Христијан Велјаноски, а го адаптираше Александар Јованоски. Лектурата е на Ирена Кочоска, додека графичката обработка ја започна Никола Јанески кој поради презафатеност, рабогата ја препушти на М-р Владо Ѓорѓиоски, кој согласно ова издание ги превзеде сите обврски за дизајнот и внатрешната обработка на нашите стрипови. Стрипот е печатен во печатницата Гинис во Прилеп, а за неговаа дистрибувија е задолжена фирмата Вита Пресс од Скопје. Изданието може да се набави преку електронска пошта, а можете да го побарате во познатите книжари Икона и Табернакул. Со цел и тесната поврзаност со приказните, Варм Комикс ги откупи и правата за вонредните броеви со Марин Мистерија и Нејтан Невер во делот каде постои поврзаност со тајната база “Некаде“ и други симболики во континуитетот, па затоа, следното издание во кое нашите читатели ќе можат да уживаат во приказните на Мартин Мистерија е со наслов “Затвореник на иднината“, кое ќе се појави оваа есен низ продажните места во Македонија на 200 страници, во мек повез и во  издание на Варм Комикс.