
|
Варм Комикс www.varmcomics.com |

|
Македонски стрип изданија
|
|
Нејтан Невер Гигант 1
|
|
Нејтан Невер Гигант 1
|
|
Првиот гигант со Нејтан Невер на Македонски е реалност и наскоро ќе се појави на продажните места во нашата земја(20-7 во Скопје - 22-07 низ цела Македонија). Истиов месец овој лик слави 20 годишница од неговата премиера во Италија и тоа не прави уште порадосни што во време на јубилеј конечно го добиваме овој популарен и толку баран стрип јунак кај една мала група на стрипомани во Македонија. Гигантот е стандардно печатен на А4 формат, на бела 80 грамаска хартија во меки корици. Има 240 страници, лекториран е, а има сложена терминологија и потекнува од жанрот на научната фантастика. Автор на серијалот е Антонио Сера, еден од најдобрите уметници во Бонели издаваштвото. Се потрудивме добро да биде преведен и лекториран, иако преводот и лектурата во стрип текстовите е комплексна работа, без оглед што стрип изразите и жаргоните даваат поголема слобода од стандарните правци во литературата. Изданието има и свои недостатоци со оглед дека сакавме да направивме пооштар и помодерен скен од оргиналот на насловната страна од оној почетниот кој го згазил времето, па излезе дека тоа можеме да го сметаме за лош потег, исто и стандардната хартија која за секој лик различно дава резултати, без оглед на одличната графичка обработка. Би рекол дека во иднина би се погрижиле да обезбедиме 90 или 100 грамска хартија или евентуално 70 грамска жолта, со повеќе волумен, слична на оргиналите од Италија или на онаа која ја познаваат овдешните колекционери кои набавуваат од хрватскиот издавач Луденс. Таа опција веројатно би била и подобра, ја баравме и од поодамна, проблем е што прилепските печатници ретко или никогаш не употребуваат таков вид на материјал. Опциите ќе ги разгледаме и ќе видиме што е најдобро без да ја подигаме и така високата цена за нашиов стандард. Од друга страна, изданието е извонредно читливо, приказната е незаборавна, со многу акција и преубави графички решенија, визионерска и емотивна. Првиот гигант е текстуално независен од редовната серија на Нејтан Невер. Многумина рекле дека е доволен еден број со овој стрип за да ви стане омилен во иднина. Можеби и не е така важно, но оваа едиција е по избор на мојата сопруга и соработник во нашата фирма Маринела Григорова Јованоска која подолго време инсистираше на овој гигант серијал кој го додадовме во време на општава економска криза. Но, фирмата Варм Комикс е “вистинска копија“ на состојбата од Групата Тнт од Алан Форд, па можеби самата економска неисплатливост е еден вистински апсурд кој не привлекува, независно од крајниот исход на продажбата. На крај, стрипот чини во слободна продажба 400 денари, исто како и другите гиганти од Варм Комикс (Бонели), а доколку сакате да го нарачате по пониска цена, пишете ни на нашата електронска пошта stripovimk@yahoo.com и ќе го добиете стрипот за 320 денари со платена поштарина, а истиот ќе стигне на вашата домашна адреса. Се надеваме дека ќе уживате во изданието, а ние по овие летни одмори и тропски горештини, ќе започнеме да го поготвуваме вонредниот број со Мартин Мистерија и Нејтан Невер со што ќе го завршиме ова стриповско и жешко лето за да наесен се вратиме на втората книга со Загор. Ви посакувам се најдобро и пријатно лето. |

|
Стрипови Мк | Бонели Едиторе | Макс Бункер Пресс | Саф Комикс | Контакт |
