
|
Варм Комикс www.varmcomics.com |

|
Стрипови Мк | Бонели Едиторе | Макс Бункер Пресс | Саф Комикс | Контакт |
|
Македонски стрип изданија
|
|
Загор книга 1
|
|
Загор книга 1
|
|
Првата книга со Загор ги содржи првите три приказни со овој стрип јунак, има 362 страници и печатена е во мек повез. Првично беше замислена како тримесечно издание во тврд повез и требаше да излезе во продажба во 2009 година. Претходно, откупивме и добивме шест броеви кои требаше да ги испечатиме во две книги, но поради прекинувањето со работа на тогашната печатница Зомес, а нешто подоцна и преносот на правата од САФ Комикс на Панини Комикс, одлучивме и се договоривме книгата да се појави на почетокот од оваа година и наместо во тврд повез и поскапа варијнта, книгата да се испечати заклучно со јубилејот 50 години стрип Загор. Материјалите за првите неколку броеви не беа во најдобра состојба, а не се ниту дигитализирани од страна на имателот на правата. Добивме печатени материјали кои ги скениравме, па потоа ги обработувавме, а пакетот содржеше одделни стрипови од едицијата “Туто Загор“ од 80те години. Текстуално, преводот бараше посебни напори, особено во делот на адаптацијата и прилагодувањето во облачињата, сместени во повеќе квадрати на една страница што е повеќе од вообичаениот концепт за овој стрип. Всушност, никогаш претходно не се печател кај нас стрип со ваков обем, гледано од аголот на скромната издавачка стрип историја на Македонската стрип сцена. Што се однесува до домашните љубители на овој стрип, не можеме да сметаме на прифатливи продажби со оглед на фактот кој говори дека кај нас читателите на Загор се навикнати на поединечни и ефтини стрип изданија и дека со оваа цена во едно кризно време не можеме да очекуваме некакво скорешно второ издание кое сепак зависи од продажбата на првиот број. Без оглед на ова, решивме да го започниме серијалот и да се потрудиме да отпечатиме што повеќе книги во иднина, заклучно со условите за работа на нашиот стрип пазар. Што се однесува до формата и дизајнот, се решивме на едноставно решение што нема да навлезе во првичната идеја на авторите од Италија, со оргиналното лого и “препознатливиот жолт рбет“. На почетните страници напишавме вовед за историјата на серијалот, за креаторите, а на крајот од книгата, напишавме и кратки осврти за самите приказни во книгата. Оваа книга беше вистински предизвик за нашата мала фирма и нашиот мал тим, проектот помина просечно, а продажбата на книгата ќе се одвива во период од година и половина со почетната цена, по што може да се очекува мал тираж по намалена цена на помалку зачуваните изданија низ продажбите во државата. Оваа книга ни приреди големи маки, но и големо задоволство. Ни донесе помалку критики и големи пофалби. Оваа книга е за почетокот на пријателството на легендарните Загор и Чико, стекнато во невообиаени околности и во еден посебен свет креиран од двајца врвни мајстори на стрипот како што всушност се Гвидо Нолита и Галиено Фери. Оваа книга ја одбележа историјата на домашното стрип издаваштво и ги изненади читателите кај нас со нејзиниот обем и смел обид на мала група стрипомани и ентузијасти од Прилеп кои ја најавија и ја испечатија во услови на криза, скептицизам и неверување во еден ваков, за наши прилики, необичен стрип проект. |

